ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој Минисо Соло ДОО Скопје,  со регистрирано седиште на ул. КЕЈ 13ти Ноември ГТЦ локал 6 Д.Е.301 Скопје, ЕМБС: 7296991,  (понатаму „Контролор“) ги собира, користи, и обработува Вашите податоци како субјекти на лични податоци, (понатаму Виесубјектите или корисниците) при посета на интернет страницата www.miniso.com.mk (понатаму: ”интернет страница“) и/или користење на услугата за веб продажба на Минисо, која е детално опишана во делот насловен: “Како да купам” и “Достава”. Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.

1. Кои лични податоци ги собираме

При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при Вашата регистрација на интернет страница (креирање на Ваш профил), и користење на услугата за on-lineкупување (нарачување на производот и плаќање на истиот). Пред да  преземате било кои од овие дејствија,  потребно е претходно да  ја прочитате политиката за приватност и да ја дадете Вашата согласност за обработка на личните податоци за конкретната цел,  заради која ги доставувате.

2. Начин на собирање на личните податоци

Податоците при Вашата регистрација на интернет страницата преку креирање профил и при користење на услугата за on-line купување се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците, со впишување на истите во соодветните полиња за регистрација.  За успешна регистрација потребно е да го одберете полето во кое е наведено дека се согласувате со Политиката за приватност и Условите за користење на интернет страната и да ја потврдите Вашата согласност со кликнување на полето: “се согласувам”.  По ова на Вашата адреса за е-пошта ќе пристигне линк за активирање на Вашиот профил, преку кој треба да ја потврдите регистрацијата. По ова Вашата регистрација и кориснички профил ќе бидат активни и преку истите ќе може да се процесираат Вашите нарачки.

Податоците за контакт со нас, се собираат директно од Вас, на начин што Вие доброволно ги впишувате во задолжителните полиња за контакт.

И податоците  за користење на услугата Newsletter, ги давате доброволно во моментот кога ќе одлучите да се регистрирате за оваа услуга. За користење на оваа услуга потребно е да ја внесете адресата на Вашата е-пошта,  да го одберете полето во кое е наведено дека се согласувате со Политиката за приватност и Условите за користење на интернет страната и да ја потврдите Вашата согласност со кликнување на полето: “се согласувам”.  По ова на Вашата адреса за е-пошта ќе пристигне линк за активирање на регистрацијата за услугата Newsletter, преку кој треба истата да ја потврдите. По ова, услугата Newsletter ќе биде активирана на начин што на Вашата адреса за е-пошта редовно ќе пристигнуваат Минисо билтени преку  кои ќе бидете навремено информирани за Минисо производите, како и за сите актуелни Минисо акции и промоции.

3. За кои цели се собираат и обработуваат Вашите податоци?

Минисо ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:

• овозможување на on-line користење на нашите услуги и производи;
• администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;
• навремено информирање на корисниците за своите производи, како и за сите акции и промоции на своите производи (директен маркетинг), Ве молиме видете за повеќе детали во точка 5;
• за реализација на on-line нарачките достапни на интернет страницата www.sport-m.com.mk (навремена и точна испорака, наплата на цената за продадените артикли)
• за рефундирање на средства;
• за контакт по пат на електронска пошта;

4. Начин на обработка на вашите лични податоци и рокови на чување на Вашите податоци

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од Контролорот коишто имаат овластувања за пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да ги обработуваат податоците, со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.
Обработката на Вашите лични податоци Минисо ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Дополнително, Минисо применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои Минисо има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.

Личните податоци при Ваша регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил, Минисо ги обработува се до повлекување на согласноста, односно до моментот кога ќе одлучите да го избришете Вашиот профил или ќе побарате ние тоа да го сториме за Вас. Исто така Вашиот профил ќе биде и автоматски избришан после 12 месеци континуирана неактивност.  Пред да биде избришан Вашиот профил, ќе добиете порака со предупредување најмалку 1 месец пред истиот да биде избришан.

Личните податоци при користење на услугата On-lineкупување, Минисо има законска обврски да ги чува сите документи и записи со Вашите лични податоци а кои се однесуваат на реализирани продажби и плаќања, во рок од 3 (три) години или подолг законски рок (доколку е пропишан со закон) кој е задолжителен за чување на сметководствена документација и исправи кои се однесуваат на платен промет согласно Законот за архивско работење.

Личните податоци при користење на услугата Контакт во Информации, Минисо ги чува се до повлекување на Вашата согласност, освен доколку истите се дадени заради реализација на Ваши права во врска со купен производ, во кој случај Минисо ги чува податоците во рок од 1 (една) година.

При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), Минисо ги чува Вашите лични податоци, се до повлекување на Вашата согласност.

5. Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг

Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите производи и услуги или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите производи и на претстојни настани. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас.

Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.
При регистрација како нов корисник, имате право да ја дадете својата согласност со одбирање на опцијата: “Сакам да добивам новости на мојата е-маил адреса за”, и дополнително имате право да ја дадете својата согласност да добивате новости за машка колекција, женска колекција или двете. Одбирањето на оваа опција не претставува услов за да се регистрирате како нов корисник.

Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг. Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки, преку следење на линковите за исклучување на определена опција во долниот дел од електронската порака: “За да се одјавите од овој newsletter, Ве молиме кликнете тука.”

Или, Вашите права може да ги остварите на едноставен начин со контакт на:
Е-маил адреса: orderonline@miniso.com.mk
Контакт телефон: 070 281 346

6. Вашите права како субјекти на лични податоци

  1. Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:

    • да се информирате од Минисо околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени;
    • да побарате од Минисо да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, пришто Минисо треба да постапи по истото во рок од 15 дена и да изврши исправка на личните податоци;
    • да побарате од Минисо да ја ограничи обработката на личните податоци со соодветно означување кои лични податоци ќе се чуваат;
    • да побарате од Минисо да ги избрише Вашите лични податоци, при што Минисо има обврска да ги избрише личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, под услови предвидени во Законот за заштита на личните податоци;
    • да поднесете барање до Минисо со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци;
    • да поднесете приговор до Минисо за начинот на обработката на Вашите лични податоци; и
    • да се одјавите/откажете од обработка и користење на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.

    За остварување на овие права, може да не контактирате на:
    Е-маил адреса: orderonline@miniso.com.mk
    Контакт телефон 070 281 346

    или можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци:
    Име и презиме:
    Контакт телефон: 070 281 346

Е-маил адреса: orderonline@miniso.com.mk

Доколку имате приговор на начинот на обработка на Вашите податоци во Минисо, имате право да се обратите и до:
Агенција за заштита на личните податоци, бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, Скопје

https://www.dzlp.mk/
info@privacy.mk

7. Давање податоци на користење на трети лица

Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.

8. Пренос на лични податоци во други држави

Минисо не врши пренос на лични податоци во трети држави.

9. Промена на политика за приватност од Контролорот

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. 

За измените во Политиката за приватност, ќе бидете известени и преку Вашата адреса за е-пошта. 

10. Датум на објава на Политика на приватност

10.2021 година

Close Кошничка
Close Wishlist
Close

Close
МЕНИ
Категории