НАРАЧКИ
Креирање на нарачка
На веб страната МИНИСО одбирате поризвод и величина. Потоа го додавате во кошничка.
Со клик на кошничката излегува модел на страницата. Во моделот може да видите кои производи сте ги одбрале и колку чинат како и количината на производите. Кога ќе ги одберете саканите производи кликнете на „Кон наплата“. Внесете ги потребните информации за доставата и потврдете ја нарачката – да се прилагодат чекорите соодветно на нашата веб страна.
Регистрација
Не е задолжително да се регистрирате за да направите нарачка. Може да направите нарачка без регистрација со тоа што ќе ги внесувате сите информации за достава.
Препорачуваме да се регистрирате за системот да ги зачува вашите информации. На овој начин помала е можноста за грешки како на пр. погрешен број или адреса.
Дополнително со регистрирање ќе ги добиете сите известувања за акции, промоции и попусти на вашата е-маил адреса. – да се прилагодат чекорите соодветно на нашата веб страна
Потврда за успешно направена и процесирана нарачка
По креирање на нарачката ќе добиете е-меил за потврда на успешноста на нарачката.
Откако нарачката ќе биде обработена се предaва на курирска служба за достава и добивате потврден меил со фактура од направената нарачката.
Доколку немате примено е-маил проверете го и SPAM фолдерот.
Доколку сте регистриран корисник, едноставно сите ваши нарачки може да ги прегледате на својот профил во делот – Историја на Нарачки.
Нарачките направени за викенд и државни празници се процесираат наредниот работен ден. – да се прилагодат чекорите соодветно на нашата веб страна
Достапност на производите
Наш оператор ќе ве исконтактира САМО доколку има проблем со достапноста на производите.
Доколку нарачката е направена во петок после 19:00 часот или во текот на викендот, операторот ќе ве исконтактира наредниот работен ден.
Зашто не ми стигнаа сите производи од нарачката?
Доколку во една нарачка имате повеќе од еден производ, можно е производите да бидат од различни магацини и да ви пристигнат како посебни пратки во различен временски период.
Доколку поминат 5 работни денови и производите сеуште не се пристигнати, контактирајте го нашиот оператор на: 070 281 346
Во период на распродажба, ќе бидат испорачани само производите кои се достапни на залиха.
Откажување на нарачка
Откажување на нарачка е возможно во рок од еден час откако ќе ја направите нарачката и тоа може да се направи исклучиво на тел: 070 281 346
Промена на потврдена нарачка
Нарачката не може да се промени доколку сте добиле потврден мејл за успешно направена нарачка.
Доколку верувате дека настанала некоја грешка со нарачката, сакате да замените, отстраните или додадете нов производ во нарачката, контактирајте не на orderonline@miniso.com.mk или на 070 281 346 и нашите оператори ќе се потрудат да го реализираат вашето барање.
Промена на адресата за достава на потврдена нарачка
Доколку веќе сте добиле потврден мејл за успешна нарачка, адресата за достава не може да се промени. Оваа промена може да ја направиме ние за вас, САМО доколку навремено не известите во истиот ден кога сте ја креирале нарачката.
Ознака НЕМА НА ЗАЛИХА
Оваа ознака значи дека бараниот производ е распродаден и не може да се порача онлајн.
Следење на нарачка
За секоја процесирана пратка ќе добиете СМС порака (да се провери дали е така) од поштата за достава која ќе ве извести за предвидениот рок за достава и ќе ви даде подетални информации за вашата пратка.